123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Новости за 12.12.2024

Продолжува блокадата на факултетите во Србија

SlobodnaEvropa.mk 

Сите пленуми на блокираните факултети на Универзитетот во Белград и белградскиот Универзитет за уметности соопштија дека овие високообразовни институции остануваат блокирани до исполнување на барањата на студентите. „Ги негираме сите тврдења дека нашите барања се исполнети“, објави белградскиот универзитет на 12 декември. Меѓу барањата на студентите се да се објави целата документација за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад,каде при пад на настрешница на 1 ноември загинаа 15 лица... Читать дальше...

Најмалку 28 загинати, меѓу кои седум деца, во израелски напади во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Во израелските воздушни напади загинаа 28 лица во Газа, меѓу кои седум деца, соопштија палестински медицински претставници, неколку часа откако Генералното собрание на Обединетите Нации(ОН) со големо мнозинство одобри две резолуции со кои се бара итен прекин на огнот во Газа, јави агенцијата АП.  Еден од нападите срамни со земја објект во бегалскиот камп Нусејрат, според болницата за Ал-Акса, каде беа пренесени жртвите. Во два други напади загинаа 15 мажи кои беа дел од локалните комитети формирани да обезбедуваат хуманитарни конвои. Читать дальше...

Претреси во Судски совет, се бараат записници од мандатот на Дамева

SlobodnaEvropa.mk 

Полициски службеници по наредба на Основното јавно обвинителство - Скопје ЈО Скопје постапуваат во Судски совет, потврдија Министерството за внатрешни работи (МВР) и Јавното обвинителство. Од Обвинителството појаснија дека претресот се прави за да се обезбедат два записници за проверка на евентуални елементи на кривично дело во врска со мандатот на поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева. „Полициски службеници по наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се... Читать дальше...



Блинкен од Јордан повика на „инклузивна“ транзиција во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Аамериканскиот државен секретар Антони Блинкен се сретна со кралот Абдула од Јордан во градот Акаба на Црвеното Море. Блинкен пристигна во регионот на разговори за Сирија по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал - Асад. Блинкен, кој ќе замине за Турција подоцна на 12 декември, ја изрази надежта на Вашингтон за политичка транзиција во Сирија, велејќи дека ќе биде признаена идна сириска влада која е кредибилна и инклузивна.  „Блинкен, кој ја напушта функцијата за нешто повеќе од еден месец... Читать дальше...

Артан Груби се повлекува од јавниот живот откако беше ставен на американската „црна листа“

SlobodnaEvropa.mk 

За да не бидам ничиj политички товар решив да се повлечам од јавниот живот, објави Артан Груби, поранешен вицепремиер во македонската влада и член на опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ), три дена откако се најде на црната листа на американскиот Стејт департмент поради вмешаност во значителна корупција.  „Јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, но со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничив политички товар... Читать дальше...

Македонската влада не планира да ја ограничи употребата на ТикТок

SlobodnaEvropa.mk 

Владата не планира да ја ограничи употребата на ТикТок, но внимателно ја следиме ситуацијата, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.  Дваесетина деца беа повредени деца во предизвикот „Супермен“, игра која е тренд во училиштата откако децата ја нашле на ТикТок.  „На таа мрежа нивото на безбедност и заштита е пониско од останатите мрежи и затоа може да се споделуваат видеа што повикуваат на насилство, омраза, булинг... Внимателно следиме и ќе се однесуваме онака како што ќе се однесуваат државите од ЕУ. Читать дальше...

Истраги по „допрен глас“ има, епилог ретко

SlobodnaEvropa.mk 

Државното обвинителство тврди дека отвора истраги по „допрен глас“ но ги повика и останатите надлежни институции тоа да го прават и првo ја прозваа полицијата. Обвинителството е тоа кое треба прво да реагира, а не да се „вадат„ на полицијата, смета професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Американскиот претседател Бајден помилува речиси 1500 осуденици

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Џо Бајден им ги ублажи казните на приближно 1500 затвореници кои беа ослободени од затвор и ставени во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирус и помилува 39 други кои беа осудени за ненасилни злосторства, објави АП. Тоа е најголемиот број помилувања во еден ден во современата американска историја. Втор најголем број помилувања одобри Барак Обама, со 330 помилувања непосредно пред да ја напушти функцијата во 2017 година. Бајден рече дека ќе преземе дополнителни чекори... Читать дальше...



Српската Влада почна да објавува документација поврзана со падот на настрешницата во Нови Сад

SlobodnaEvropa.mk 

На веб-страницата на Владата на Србија на 12 декември започна објавувањето на документите за реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад. Владата претходно соопшти дека на седницата одржана на 12 декември донела одлука Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура во следните 24 часа „јавно да ги стави на располагање информациите во врска со можното извршување на кривично дело поради пропаѓање на настрешница на зградата на станицата во Нови Сад на 1 ноември 2024 година“. ... Читать дальше...

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска со 61 глас „за“ го изгласа Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година, по скратена постапка, по усвојувањето на Буџетот на седницата на 10 декември.  Со Законот се определуваат начинот и условите за извршување на Буџетот за тековната фискална година. И со овој закон се воведува обврска за реализација на 15 проценти од капиталните расходи во првиот квартал, од 40 проценти заклучно со вториот квартал, 65 проценти заклучно со третиот квартал и 70 проценти заклучно со третиот квартал... Читать дальше...

Предметот за „Беса Транс“ вратен на повторно судење

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот суд ја укина првостепената пресуда за случајот „Беса Транс“ и предметот е вратен на повторно судење. Од Апелација за МИА, потврдуваат дека има одлука по предметот и дека веќе е вратен во првостепен суд.  „Одлуката е укината, жалбите на обвинетиот како физичко и правно лице се уважени. По жалбите и по службена должност пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење“, информираат од Апелација.  За случајот, кој се однесуваше на продолжено кривично дело „фалсификување на исправа“... Читать дальше...

Мрзеливи да се најде македонски збор, „расположени“ за туѓите

SlobodnaEvropa.mk 

„Епик сејв“, „кидера“, „колд“, се дел од изразите кои младите ги користат секојдневно. Зошто е важно да се знае прво мајчиниот јазик и колку туѓите зборови можат да се заменат со наши? Како оваа појава ја толкуваат експерти, а „превод“ на актуелните изрази од странско потекло, побаравме од младите.

„Репортери без граници“: Годинава убиени 54 новинари, најмногу во Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 54 новинари се убиени годинава ширум светот, од кои речиси една третина во Појасот Газа, јавува организацијата за човекови права „Репортери без граници“ во својот годишен извештај. Засега бројот на убиени новинари останува на исто ниво како лани, покажуваат податоците од крајот на ноември собрани од организацијата. Сепак, таа рече и дека секоја година дознава за повеќе смртни случаи кои се додаваат во статистиката, па веројатно е дека бројот на убиени новинари ќе се зголеми. Во извештајот... Читать дальше...

Урош Блажиќ осуден на 20 години затвор за масовните убиства во две српски села

SlobodnaEvropa.mk 

Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона во Србија, е осуден пред Специјалниот суд во Белград, јавија српските медиуми. Судењето заврши во експресниот рок за српското правосудство и по неполни четири месеци колку што траеше процесот. „Виновни се обвинетите Урош Блажиќ и обвинетата Радиша Блажиќ“, рече претседавачкиот судија Лидија Јовановски и посочи дека судскиот совет ја донел одлуката едногласно. Со оглед на тоа дека во моментот на делото немал 21 година... Читать дальше...

Граѓанските организации бараат стопирање на иницијативата за измена на Законот за јавни набавки

SlobodnaEvropa.mk 

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници.   Од Платформата велат дека предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки претставуваат сериозно уназадување на заштитата од корупција во услови кога според оценките на... Читать дальше...

Од први јануари Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген

SlobodnaEvropa.mk 

Советот на ЕУ денеска (12 декември) одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ. „Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа“, објави унгарското претседателство со ЕУ. Овој потег доаѓа откако австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер претходно оваа недела објави дека Виена конечно се откажува од своето противење на двете земји да се приклучат на зоната од 29 членки... Читать дальше...

На изборите во Косово се пријавиле 28 партии, меѓу кои и Српска листа

SlobodnaEvropa.mk 

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) соопшти дека 28 политички субјекти поднеле барање за учество на парламентарните избори на 9 февруари, а меѓу нив е и водечката српска политичка партија Српска листа. Српска листа претходно најави дека ќе учествува на косовските избори. Инаку, пратениците на Српската листа, која од ноември 2022 година ги бојкотира седниците на Собранието на Косово, еднаш на шест месеци се појавуваат во Собранието за да го задржат мандатот и да обезбедат продолжување на нивните плати. Читать дальше...

Полицијата повторно се обидела да ја претресе канцеларијата на јужнокорејскиот претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата утрината (12 декември) се обиде повторно да ја претресе канцеларијата на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол, како дел од кривичната истрага против него за воведување вонредна состојба минатата недела, еден ден откако беше спречен претходниот обид за претрес, соопштија официјални лица. Националната истражна агенција (НОИ), што го води случајот, испратила истражители да прибават документи и материјали поврзани со воведувањето на воена состојба на 3 декември, јавија јужнокорејски медиуми. Читать дальше...

Генералното собрание на ОН усвои резолуции за прекин на огнот во Газа и поддршка за УНРВА

SlobodnaEvropa.mk 

Генералното собрание на Обединетите Нации со големо мнозинство одобри две резолуции со кои се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа и поддршка на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), која Израел ја забрани. Од 193 земји, 158 гласаа за резолуцијата за прекин на огнот во Газа, а 13 беа воздржани, додека 159 земји гласаа за поддршка на УНРВА со 11 воздржани. Гласањето беше одржано по дводневна дебата, за време на која претставниците на земјите-членки на ОН главно повикаа на прекин... Читать дальше...

ЕУ одлучува за укинување на контролите на копнените граници на Бугарија и Романија кон Шенген

SlobodnaEvropa.mk 

Укинувањето на контролите на внатрешните копнени граници на Романија и Бугарија со останатите земји од Шенген зоната ќе биде една од главните теми на денешното (12 декември) заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ.    Покрај ова, министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на заседанието на Советот ќе расправаат и за состојбата во Шенген зоната, со фокус на зајакнување на севкупната безбедност преку дигитализација, како и за потенцијалниот датум за почеток на примената на системот за влез/излез во Унијата (ЕЕС). Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Mash: В Москве тренер не заметил тонущего в бассейне семилетнего ребенка


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Даниил Медведев

Неожиданный вылет Медведева, США обыграли Канаду на турнире НХЛ. Главное к утру


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Готовьте обезболы": Вильфанд назвал дату аномального погодного срыва в Центральной России





Путин в России и мире
Москва

Песков: Путин будет рад принять 9 Мая глав всех государств, включая Трампа


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

NYT назвал встречу дипломата Смита с Лукашенко — шагом к оттепели в отношениях США с Белоруссией




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

В США раскрыли подробности сделки по полезным ископаемым с Киевом


Навальный в России и мире
Москва

Послы Евросоюза, Британии и США возложили цветы на могилу Алексея Навального в Москве



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Песня

Радио Популярной Песни.



Москва

Зима не отступает: синоптики обещают мощный снегопад и лютые морозы всю неделю

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net