123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Новости за 30.12.2024

Бугарската влада го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба на заедничкиот железнички тунел „Деве Баир“

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“, а ќе се формира Мешовит комитет и ќе се разговара со македонската страна за текстот на договорот, соопшти денеска прес-службата на Советот на министри. Како што пренесува бугарската агенција БТА, целта е да се направат јасни обврски и рокови за изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Северна Македонија. „Министерството за транспорт и врски како страна... Читать дальше...

ОЈО: Наредба за распишување меѓународна потерница и предложен притвор за Васко Ковачевски

SlobodnaEvropa.mk 

Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице. Читать дальше...

Судењето на Милорад Додик е одложено до крајот на јануари 2025 година

SlobodnaEvropa.mk 

На 30 декември пред Судот на Босна и Херцеговина се одржа статусната конференција во случајот против Милорад Додик, на која седум лекари ги презентираа своите стручни наоди за здравствената состојба на претседателот на ентитетот Република Српска (РС). На Додик, заедно со директорот на Службен весник на РС, Милош Лучиќ, им се суди за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница, Кристијан Шмит. Претседателот на ентитетот и лидер на владејачката партија, Сојузот на независни социјалдемократи... Читать дальше...



Германската влада тврди дека Маск се обидува да влијае на тамошните избори

SlobodnaEvropa.mk 

На 30 декември германската влада објави дека американскиот милијардер Илон Маск „се обидува да влијае на парламентарните избори во Германија“ закажани за крајот на февруари, со постојана поддршка за екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија. „Илон Маск со своите изјави се обидува да влијае на федералните избори“, изјави за новинарите заменик владиниот портпарол Кристијан Хофман. Таа додаде дека Маск е „слободен да го искаже своето мислење“, но истакна дека препорачува екстремно... Читать дальше...

Агелер за Груби: Важно е луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела

SlobodnaEvropa.mk 

Амабасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, прашана за коментар во однос на поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој како осомничен за случајот „Државна лотарија“ е во бегство, изјави дека нема коменетар во однос на тоа што се случува со Груби. Агелер порача оти е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните дела. „Немам коментар во однос на тоа што се случува со Артан Груби. Не знам каде се наоѓа. Сметам дека е важно луѓето да бидат повикани на одговорност за нивните... Читать дальше...

ОН: Климатските промени предизвикаа екстремни временски услови во 2024 година

SlobodnaEvropa.mk 

Климатските промени предизвикаа екстремни временски услови и рекордни горештини во 2024 година, предупреди Светската метеоролошка организација на ОН (СМО) на 30 декември, повикувајќи го светот да го напушти „патот кон уништување“. Годината што заминува се очекува да биде најжешката во историјата, објави СМО. Во исто време, емисиите на стакленички гасови достигнаа нови рекорди. „Климатските промени се случуваат пред нашите очи речиси секој ден во форма на зголемена фреквенција и влијание на екстремни временски услови“... Читать дальше...

Таткото на извршителот на масовното убиство во училиштето во Белград е осуден на 14,5 години затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Владимир Кечмановиќ, таткото на момчето кое изврши масовно убиство во мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, на 30 декември беше осуден од Вишиот суд во Белград на 14,5 години затвор. Со одлука на Вишиот суд, мајката на момчето Миљана Кечмановиќ е осудена на три години затвор. Вишиот суд го осуди Немања Маринковиќ, инструкторот на стрелиштето каде, според обвинението, Владимир Кечмановиќ го однел синот на вежбање стрелање, на една година и три месеци затвор. ... Читать дальше...

Нов состав во АВМУ на почетокот на 2025?

SlobodnaEvropa.mk 

По речиси 11 години, Советот на АВМУ може да добие нов состав. Пратеникот Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ најавува дека пратениците ќе одлучат во првите недели од 2025, но новинарските здруженија стравуваат дека ќе пропадне и овој трет обид. Тоа, велат, би ја нарушило довербата, а реформите ќе стагнираат.



Солидарни во бунтот на студентите

SlobodnaEvropa.mk 

Со протести и отворени писма младите од регионот се обединуваат за да покажат солидарност со српските студенти кои последниов месец протестираат револтирани по несреќата на Железничката станица во Нови Сад. И македонските студенти се вклучија во регионалната поддршка.

Таравари вели дека има пари за 1117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти

SlobodnaEvropa.mk 

Обезбедивме буџет за 1117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите, се пофали денеска (30 декември) министерот за здравство Арбен Таравари, на брифинг со новинарите. „Ова е дел од нашата стратегија за подобрување на кадровските капацитети во здравството. Се посветивме на детални анализи и подготовка на измени кои ќе донесат долгорочен напредок во здравството. Клучен аспект на оваа работа беше изработката на програма за интегрирање... Читать дальше...

Џими Картер: Проблематично претседателство и децении филантропија и дипломатија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот американски претседател Џими Картер, чие претседателство беше нарушено со 444-дневната заложничка криза во Иран, почина на 100-годишна возраст. По неговиот турбулентен единствен мандат како претседател на САД следуваа децении глобална филантропија, дипломатија и Нобеловата награда за мир.

Обвинителството бара притвор за четворица за шверц на возила и фалсификување исправи

SlobodnaEvropa.mk 

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четири лица, како и предлог за мерки за претпазливост за едно лице осомничени дека учествувале во дејствија криумчарење и фалсификување исправи и службени исправи. Од Обвинителството информираат дека еден од нив не е достапен на органите на прогонот и за него притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Дополнително, за едно лице од осомничените... Читать дальше...

Германија планира да ги продолжи граничните контроли

SlobodnaEvropa.mk 

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер рече дека планира да ги продолжи граничните контроли и по март 2025 година, наведувајќи го како причина за тоа, успехот во ограничувањето на нелегалната миграција и борбата против шверцот со луѓе. Фезер рече дека контролите ќе бидат неопходни се додека Европската Унија значително не ја зајакне нејзината заштита на надворешните граници. Германското Министерство за внатрешни работи одлучи да ги прошири граничните проверки на сите копнени граници... Читать дальше...

СЗО побара прекин на израелските напади врз болниците во Појасот Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска (30 декември) го повика Израел веднаш да ги прекине нападите врз болниците во Појасот Газа, откако во рок од само неколку дена беа извршени напади врз две болници во палестинската енклава.   Тедрос на платформата Х предупреди дека здравствениот систем во Појасот Газа повторно е под сериозна закана, повикувајќи го Израел да престане да ги напаѓа болниците бидејќи на Палестинците во енклавата им треба пристап до здравствена заштита. Читать дальше...

Двајца претседатели и немири во земјата, што е следно за Грузија?

SlobodnaEvropa.mk 

Се шпекулираше дека актуелната претседателка на Грузија, Саломе Зурабишвили, ќе одбие да ја напушти претседателската палата, дури и откако ќе биде инаугуриран нејзиниот наследник. Сепак, тоа не се случи. Зурабишвили, којa стана морален глас на илјадници антивладини демонстранти, реши да си замине мирно - брзо, но секако, не тивко. И додека Михаил Кавелашвили, поранешен фудбалер и десничарски популист, положи заклетва како нов шеф на државата на 29 декември, Зурабишвили разговараше со демонстрантите... Читать дальше...

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

SlobodnaEvropa.mk 

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на Инфраструктура на железницата на Србија, Јелена Танасковиќ, за уривање на бетонската настрешница на влезот на железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 луѓе. Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека поднело обвинение против тие лица во врска со трагичниот настан од 1 ноември годинава . Наведено е дека - меѓу обвинетите... Читать дальше...

Се очекува пресуда за родителите на детето кое уби ученици и чувар во училиште во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Суд во Белград денеска (30 декември) се очекува да ја соопшти пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на детето кое на 3 мај 2023 година со пиштол усмрти девет ученици и чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, и рани уште пет ученици и наставничка. Судот ќе донесе првостепена пресуда на која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациски суд. Судскиот процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена. Читать дальше...

Јужнокорејските истражители бараат налог за апсење на поранешниот претседател

SlobodnaEvropa.mk 

Јужнокорејски тим задолжен за истрага на сменетиот претседател Јун Сук-Јол од функцијата со парламентарно отповикување, поради неговото прогласување воена состојба претходно овој месец, побара налог за негово апсење. Јун не се појави на сослушување во полицијата и Одделот за истраги за корупција на високи функционери, кои спроведуваат заедничка истрага за тоа дали воената состојба прогласена на 3 декември може да се смета за бунт. За првпат во историјата на Јужна Кореја е побаран налог за апсење на актуелен претседател на земјата. Читать дальше...

Милановиќ и Приморац влегоа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелниот претседател на Хрватска и кандидат на опозициската Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ и кандидатот на владејачката Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Драган Приморац, влегоа во вториот круг од претседателските избори, кој ќе ќе се одржи на 12 јануари. Милановиќ во првиот круг од претседателските избори на 29 декември освои 793.808 гласови или 49,11 отсто, а Приморац 313.124 или 19,37 отсто, покажуваат прелиминарните податоци на Државната изборна комисија. Независниот... Читать дальше...

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100 годишна возраст

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот американски претседател Џими Картер почина на 100-годишна возраст во својот дом во Плејнс, Џорџија. „Нашиот основач, поранешниот американски претседател Џими Картер, почина попладнево во Плејнс, Џорџија“, соопшти Фондацијата Картер на 29 декември. Картер беше 39-тиот претседател на САД со мандат од 1977 до 1981 година. Тој во Белата куќа пристигна по скандалот Вотергејт и војната во Виетнам. Неговото мандат го одбележа договорот за ставање крај на тензиите меѓу Египет и Израел... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Mash: В Москве тренер не заметил тонущего в бассейне семилетнего ребенка


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Юлия Путинцева

Разгром за 33 минуты случился в первом матче Путинцевой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Готовьте обезболы": Вильфанд назвал дату аномального погодного срыва в Центральной России





Путин в России и мире
Москва

Песков назвал разговор Путина и Трампа мощным сигналом к диалогу о мире


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Дегтярев: Россия и Белоруссия объединят усилия для допуска спортсменов.




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Врач-психиатр указал на когнитивные нарушения Зеленского из-за наркотиков


Навальный в России и мире
Москва

Послы Евросоюза, Британии и США возложили цветы на могилу Алексея Навального в Москве



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Пол Маккартни

Набор монет Presentation Edition в честь Пола Маккартни выставят на аукцион



Москва

Актер Всеволод Шиловский скрыл от всех смерть любимой жены

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net