123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2024

Новости за 24.12.2024

Иран ги укинува забраните за Ватсап и Гугл плеј

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот совет за сајбер простор гласаше за укинување на забраните за апликациите Ватсап и Гугл плеј, објавија државните медиуми. На состанокот на 24 декември Врховниот совет за сајбер простор едногласно гласаше за укинување на ограничувањата за некои апликации во странска сопственост, вклучително Ватсап и Гугл плеј, објави државната новинска агенција ИРНА. Не е јасно кога одлуката ќе стапи на сила. Советот ги одржува седниците зад затворени врати и не се објавува јавно како гласале членовите поединечно. Читать дальше...

Партијата на Додик предлага прекин на евроинтеграциите додека не запре судењето против него

SlobodnaEvropa.mk 

Прекин на евроинтеграциите и на учеството во носењето одлуки на ниво на Босна и Херцеговина (БиХ) доколку не запре судскиот процес против Милорад Додик. Ова, меѓу другото, се наведува во заклучоците што Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) на Додик и неговите коалициски партнери предлагаат да бидат изгласани во Народното собрание на Република Српска, ентитет во рамки на БиХ. Ваквата информација на својот блог ја објави Небојша Вукановиќ, шеф на пратеничката група „За правда и ред“ во Народното собрание на Република Српска (НСРС). Читать дальше...

Советниците го изгласаа буџетот на Град Скопје за 2025 година

SlobodnaEvropa.mk 

Со 28 гласа „за“ и два „против“, 45-члениот Совет на Град Скопје денеска, 24 декември, го изгласа Буџетот на главниот град за следната 2025 година. Буџетот изнесува 140 милиони евра. За него беа поднесени 42 амандмани од повеќе политички партии, но по координацијата што ја имаа советничките групи со претседателот на Советот, Трајко Славески, од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, предлагачите сами повлекоа дел од амандманите, а други беа одбиени поради технички неправилности. На седницата... Читать дальше...



Курти ги обвини Радоичиќ и Србија за нападот на каналот Ибар-Лепенац

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Албин Курти, денеска, 24 декември, обвини дека бизнисменот од северот на Косово, Милан Радоичиќ, дал наредба да се изврши нападот на каналот Ибар-Лепенац на 29 ноември, а по Србија како држава ја прозва дека стои зад финансирањето, планирањето и логистиката на нападот. На прес-конференција, Курти рече дека овие тврдења ги базира на разузнавачки информации. Според неговите зборови, поддршката што официјален Белград ја дава на, како што рече, „терористичката група на Милан Радоичиќ“... Читать дальше...

Јутјуб во Русија е „практично блокиран“, тврди руско друштво за заштита на интернет

SlobodnaEvropa.mk 

Сообраќајот на Јутјуб во Русија во последните денови се намали на само 20 отсто од своето „нормално ниво“, изјави водечки руски експерт, опишувајќи ја ситуацијата како „де факто“ блокирање на платформата за споделување видеа. Михаил Климарев, директор на непрофитно друштво за заштита на интернетот, на 23 декември на Телеграм напиша дека сообраќајот на Јутјуб во Русија паднал на една петтина од нивото на сообраќај во споредба со периодот пред властите наводно да почнат намерно да ја забавуваат услугата на оваа платформа во јули. Читать дальше...

Протести во Сирија поради палењето на новогодишна елка

SlobodnaEvropa.mk 

Поради палењето на новогодишна елка во Сирија избувнаа протести што предизвика реакции и повици до новата исламистичка власт да преземе чекори за заштита на малцинствата, јавува Би-би-си. На видео објавено на социјалните мрежи се гледа како гори дрво на централниот плоштад во Сукајлабија, град со мнозинско христијанско население во централна Сирија. Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), главната исламистичка фракција што ја предводеше офанзивата во која беше соборен сирискиот претседател Башар ал-Асад,... Читать дальше...

Амбасадорите кои не беа „сослушани“ во Собранието, на чекор да бидат вратени

SlobodnaEvropa.mk 

Со 61 односно 62 гласа „за“ пратениците во Собранието на Северна Македонија попладнето на 24 декември ги изгласаа двете автентични толкувања со кои се отвора можноста да бидат отповикани амбасадорите кои пред да бидат испратени во мисија, не беа сослушани пред собраниската Комисија за надворешни работи. Против гласаа само пет односно шест пратеници, повеќето од опозицискиот СДСМ. Автентичните толкувања се однесуваат на два члена од Законот за надворешни работи, кои пред да бидат изгласани на денешната пленарна седница... Читать дальше...

Русија осуди американски државјанин за шпионажа во судење зад затворени врати

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот суд денеска, 24 декември, го осуди американскиот државјанин Јуџин Спектор на 15 години затвор за „шпионажа“ во период кога на адреса на Москва стигнуваат обвинувања од неколку западни влади дека осудува странци за потоа да ги користи во преговори за размена на затвореници. За обвиненијата со кои во Русија се соочи поранешниот директор на фармацевтска компанија малку се знае бидејќи судењето беше затворено за јавноста поради наводни доверливи материјали кои биле презентирани во текот на судскиот процес. Читать дальше...



Обвинителство: За тројца од „организаторите на 27 април“ треба да важи амнестијата

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) во мислење испратено до Основниот кривичен суд Скопје наведува дека за тројца од вкупно четворицата обвинети во предметот „Организаторите на 27 април“ треба да важи Законот за амнестија од 2018 година. Предметот е поврзан со упадот во Собранието на 27 април 2017 година, настан познат во јавноста и како „крвавиот четврток“. Упадот беше со цел да се спречи избор на Талат Џафери за претседател на парламентот при што беа повредени пратеници и новинари. Читать дальше...

Останува притворот за Груби, Кривичен му ја одби жалбата

SlobodnaEvropa.mk 

Основниот кривичен суд Скопје одлучи дека притворот од 30 дена за поранешниот прв вицепремиер од ДУИ, Артан Груби, останува и тој ќе важи од денот кога тој ќе биде достапен за органите на прогонот. Груби е осомничен во истрагата за набавката на ВЛТ апаратите во Државна лотарија. По него и по поранешниот директор на Лотарија, Перпарим Бајрами, на 18 декември беше распишана и меѓународна потерница. 30-дневен притвор и за двајцата беше одреден на 17 декември, по што Груби преку неговиот адвокат поднел жалба до судот. Читать дальше...

Дваесет и еден загинати за 24 часа, евакуирана болница на северот од Газа

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за здравство во Газа, под раководство на Хамас, на 24 декември објави дека во изминатите 24 часа на палестинска територија загинале 21 лице, со што вкупниот број на загинати во војната достигна 45338. Министерството, исто така, во соопштението наведе дека најмалку 107 764 луѓе се ранети во повеќе од 14 месеци војна меѓу Израел и Хамас, според АФП. Хамас е прогласен за терористичка организација од страна на САД и ЕУ. „Израелските војници наредија евакуација на индонезиска болница во северниот дел на Газа и многу пациенти... Читать дальше...

Работа за ранливите има, но нема закон за социјални претпријатија

SlobodnaEvropa.mk 

Подготвен уште во 2015-та година, ниедна власт досега не го донесе Законот за социјално претприемништво. Преку социјалните претпријатија, кои ги има околу 60, ранливите групи се вклучуваат на пазарот на труд, но во отсуство на законска регулатива, тие се без стаж и здравствено и пензиско осигурување

Одложено судењето за „Организатори на 27 април“, Кривичен ќе одлучува по барањето за амнестија

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ е одложено за 23 јануари откако на денешното судење Јавното обвинителство дало мислење за примена на Законот за амнестија за обвинетите Миле Јанакиески, Спиро Ристески и Трајко Вељановски, а истото не се однесува на обвинетиот Владимир Атанасовски.  Како што информираат од Кривичен суд за МИА, Судот мислењето го доставил до странките во постапката и рочиштето се одложило за 23 јануари до кога треба да одлучи по барањето на странките и мислењето на обвинителство. Читать дальше...

Мицкоски: Нашето законодавство предвидува сè што треба за лицата на црната листа

SlobodnaEvropa.mk 

Владата нема да презема чекори спротивни на Уставот, туку секогаш ќе работи во насока на позитивните законски норми и Уставот коишто се за нас два клучни столба, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали ќе донесат закон за рестриктивни мерки за лица кои се наоѓаат на црната листа на САД. Мицкоски, кој денеска (24 декември) присуствуваше на ставање на камен темелник на спортска сала во Црешево, рече дека законодавството има предвидено сè што е потребно за лицата кои се дел од црната листа на САД. Читать дальше...

Хјуман рајтс воч повикува на одговорност за „бруталното“ насилство врз грузиските демонстранти

SlobodnaEvropa.mk 

Хјуман рајтс воч (ХРВ) повика на истрага од страна на грузиските безбедносни сили за „бруталното полициско насилство“ врз претежно мирните демонстранти кои излегоа на улиците на антивладините демонстрации. Полицијата се судри со демонстрантите повеќе од две недели, при што беа приведени десетици и повредени голем број луѓе кои ја обвинуваат владата на владејачката партија Грузиски сон за оддалечување на земјата од Европската Унија (ЕУ) и блиски односи со Москва. „Во широко распространети и јасно криминални дејствија... Читать дальше...

Издаваат станови и викендички за Нова година, но колку плаќаат данок?

SlobodnaEvropa.mk 

Управата за јавни приходи ги повика граѓаните кои издаваат станови, вили, викендички за претстојните празници да го пријават доходот и да платат данок. Лани во февруари, 254 лица побарале пресметка колку да платат за издадениот имот во јануари. Казните за неплаќачите се од 50 до 250 евра во денарска противвредност.

ДКСК: Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Христовски

SlobodnaEvropa.mk 

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) констатира дека нема основа за постапување по пријавата за судир на интереси и корупција при именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. На денешната седница (24 декември), ДКСК утврди дека Христовски ги исполнува условите за именување според Законот за АНБ. Сепак беше истакнато дека Комисијата нема надлежност за директна експертиза на дел од документите. Според пријавите, постојат сомневања за законитоста на безбедносната проверка... Читать дальше...

Српската листа ќе се жали на одлуката ка косовската изборна комисија да не учествува на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Српската листа, Златан Елек изјави дека во текот на денот (24 декември) ќе поднесе приговор до Избирачкиот совет за жалби и приговори и дека очекува да се поништи одлуката на Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) со која на оваа партија не и е потврдено учество на изборите на 9 февруари. На прес-конференција во Северна Митровица, Елек оцени дека со оваа одлука на Централната изборна комисија косовскиот премиер Албин Курти сакал да ги „елиминира“ од изборната битка. „Ова... Читать дальше...

За 15 дена, речиси 25000 сириски бегалци од Турција се вратиле дома

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 25 000 сириски бегалци се вратиле во Сирија преку турската граница во последните две недели, изјави денеска (24 декември) турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Турските власти претходно соопштија дека во периодот од 9 до 13 декември, 7621 Сиријци се вратиле во својата татковина, откако падна режимот на Башар ел Асад. „Во Турција, која со Сирија дели граница подолга од 900 километри, се уште живеат околу 2,92 милиони Сиријци што избегале од војната“, соопшти Јерликаја за државната новинска агенција Анадолија. Читать дальше...

Во јануари почнува процедурата за враќање на задолжителен воен рок во Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Во јануари идната година, по претседателските избори, во Хрватска ќе почне правната процедура за враќање на задолжителниот воен рок, а првите повици на регрути се очекуваат кон средината на 2025 година, соопшти на 24 јануари хрватското Министерство за одбрана. Во 2008 година, Хрватска привремено го суспендираше задолжителниот воен рок, а оттогаш тој се служеше само доброволно. „Министерството за одбрана подготви законски предлози кои ја регулираат основната воена обука, како и други прашања поврзани со спроведувањето на воената служба“... Читать дальше...

По претседателот, јужнокорејската опозиција планира да го отповика и премиерот

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓу тековните политички превирања во Јужна Кореја, најголемата опозициска партија во земјата се обидува да започне постапка за отповикување на премиерот Хан Док-су, откако претседателот на земјата беше отповикан претходно овој месец, јавува агенцијата ДПА. Претседателката на опозициската Демократска партија (ДП) Парк Чан Дае ги објави плановите за импичмент на премиерот за време на парламентарната седница денеска, објавија јужнокорејските медиуми. Откако ДП ќе поднесе барање за импичмент, парламентот ќе треба да гласа за тоа. Читать дальше...

Косовската изборна комисија не ја потврди Српската листа за учество на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) не ја потврди изборната листа на партијата Српска листа за учество на парламентарните избори на 9 февруари. Српската листа е најголемата партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград. Претставниците на владејачката партија, движењето Самоопределување, се спротивставија на верификацијата на оваа партија, велејќи дека не ја признава државата Косово. Амбасадата на САД во Косово изрази загриженост за „вклучувањето на политички мотивирани... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Mash: В Москве тренер не заметил тонущего в бассейне семилетнего ребенка


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Делрей-Бич (ATP). Давидович-Фокина и Кецманович поборются за титул


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Лауреат Нобелевской премии предупредил о рисках вирусов из тающих ледников.





Путин в России и мире
Москва

«360 градусов»: Захарова ответила на слова главы МИД Эстонии о загнанной в угол РФ


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

На приёме у Лукашенко побывал чиновник Госдепа Кристофер Смит




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Врач-психиатр указал на когнитивные нарушения Зеленского из-за наркотиков


Навальный в России и мире
Москва

Послы Евросоюза, Британии и США возложили цветы на могилу Алексея Навального в Москве



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

«Как она жива в принципе»: Тимати воссоединился со своей юношеской любовью



Москва

Синоптики спрогнозировали облачную погоду в Москве 17 февраля

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net