Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2019

Новости за 18.12.2019

Неколку турски авиони го повредиле грчкиот воздушен простор

SlobodnaEvropa.mk 

Неколку турски воени авиони Ф-16 денеска го повредиле грчкиот воздушен простор и повеќепати прелетале над грчки острови во период од 25 минути, соопшти Генералштабот на националната одбрана на Грција. Два авиони навлегле во грчкиот воздушен простор без поднесување план на летот и четирипати прелетале над островот Панагиа, на височина од 2.000 до 7.000 метри, а седум пати над островот Инусес.

Жерновски: ЕУ нема луксуз да избира помеѓу внатрешните реформи и проширувањето

SlobodnaEvropa.mk 

ЕУ нема луксуз да избира помеѓу продлабочувањето и проширувањето, помеѓу внатрешните реформи и проширувањето и мора да направи се двата процеси да продолжат паралелно, изјави денеска заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски во обраќањето на седницата на Мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија – ЕУ, во седиштето на Европскиот парламент во Стразбур. Како што јави дописникот на МИА, Жерновски оценил дека неможноста на Советот на ЕУ да донесе одлука во октомври... Читать дальше...

Меркел ги критикуваше американските закани за „Северен поток 2“

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги критикуваше американските закани за воведување санкции поради новиот руско-германски гасовод „Северен тек 2“, велејќи дека сака да разговара со Вашингтон и дека притоа одбива да се закани со евентуална реакција. „Не гледам алтернатива на разговорите, за да покажеме дека не ја одобруваме оваа практика. Ќе видиме како ќе се развиваат работите со Северен тек“, рече Меркел одговарајќи на пратенички прашања во германскиот парламент. Соединетите Држави се гласен противник на „Северен тек 2“... Читать дальше...



За инвертер-клими во домаќинствата Владата ќе потроши 620 милиони денари

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната владина седница Владата усвои измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање нови зелени урбани површини. „Од овие средства, 620.000.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела... Читать дальше...

Битола се гуши, надлежните велат дека гасификацијата е спасот

SlobodnaEvropa.mk 

Мерната станица во центарот на Битола измери над 340 микрограми на метар кубен суспендирана прашина. Граѓаните протестираат, надлежните велат дека се свесни за проблемот и оти решението е во гасификацијата на градот.

ДУИ ќе настапи самостојно на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

ДУИ е најголемата албанска политичка партија и на овие избори ќе настапи самостојно,без коалиции ниту со македонските, ниту со албанските партии, изјави денеска Артан Груби по седницата на централното претседателство на партијата. Тој ги повика албанските партии во опозицијата да се соединат, за како што рече, да не изгубат гласови Албанците. На новинарско прашање во врска со информации во јавноста дека во техничката влада нема да има министри од ДУИ, Груби одговори дека неговата партија е клучна за политички процеси во Македонија... Читать дальше...

Школа за ангажиран стрип – уметнички практики за општествени промени

SlobodnaEvropa.mk 

Со цел да понуди иновативен пристап кон поимањето и потенцијалот на стрипот како медиум низ кој може да се артикулираат горливи општествени прашања, оваа среда, на 18 декември, во Младински културен центар – Скопје, беа одржани изложбата и промоцијата на публикацијата на Школата за ангажиран стрип.

Се продава лиценцата за летање на „Адриа Ервејз“

SlobodnaEvropa.mk 

На лицитација ќе се продава лиценцата за летање и работа на словенечкиот авиопревозник „Адриа Ервејз“. Лиценцата на компанијата, која пред неколку месеци прогласи банкрот и беше отворен стечај е понудена со почетна цена од 45.000 евра, јави дописникот на МИА од Љубљана. Стечајниот управник на „Адриа Ервејв“, Јанез Пустатичник во меѓувреме изјави дека е многу тешко да се процени пазарната цена на целиот имот на „Адриа“, бидејќи се работело за специфична компанија. Инаку, според првичните анализи кои ги направиле словенечките власти... Читать дальше...



Фон дер Лаен: Брегзит без договор е поштетен за Британија отколку за ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, предупреди дека Брегзитот без договор повеќе ќе ѝ наштети на Велика Британија отколку на ЕУ. Таа укажа на опасност од времето што истекува за преговори создадено поради најавите на британскиот премиер Борис Џонсон да донесе закон со кој ќе се блокира продолжувањето на преодниот период. „Во случај да не успееме да постигнеме договор до крајот на 2020 година, повторно ќе се најдеме во непријатна ситуација и тоа може да биде штетно за нашите интереси. Читать дальше...

Холандските земјоделци и градежници протестираа за мерките против загадувањето

SlobodnaEvropa.mk 

Земјоделците и градежните работници низ цела Холандија, денеска протестираа бидејќи ги губат своите работни места поради мерките на Владата за намалување на загадувањето на воздухот. Во Холандија, многу градежни проекти беа суспендирани оваа година, бидејќи домашниот суд утврди дека градежните дозволи не се во согласност со регулативите на ЕУ за заштита на животната средина. Холандската влада се обидува да го намали загадувањето на воздухот, а парламентот во вторникот донесе закон за ново итно... Читать дальше...

Тачи нема да присуствува на состанокот за „мини-Шенген“ во Тирана

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја одбил поканата од албанскиот премиер Еди Рама за учество на состанокот што деновиве ќе се одржи во Тирана, во рамките на инцијативата за создавањето на таканаречениот „мини-Шенген“ односно, на зона за слободно движење на капитал и луѓе меѓу земјите од регионот. На состанокот е најавено учество на македонскиот премиер Зоран Заев и претседателот на Србија Александар Вучиќ. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, Тачи преку својата страница на Фејсбук порачал... Читать дальше...

Османи: Закон за ЈО, за да се зголемат шансите за преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, по неговата прва средба со новиот еврокомесар за проширување Оливер Вархеји, изјави дека е охрабрен и оти е остварлива целта за почеток на преговорите за членство со ЕУ на пролет, но дека за тоа е потребно да се донесе законот за јавно обвинителство. Османи ги повика сите чинители во земјава да вложат напор за изнаоѓање консензус околу гласањето на овој закон. „Тоа е двотретински закон, затоа ја користам оваа можност да ги повикам сите да најдеме начин да постигнеме консензус за ова прашање. Читать дальше...

Реакции по изјавата на Тахири дека ќе има војна ако Србија не го признае Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешната шефица на преговарачкиот тим на Приштина во дијалогот со Белград, Едита Тахири денеска изјави дека ќе се случи војна ако Србија не ја признае независноста на Косово. Таа вели дека дијалогот Белград – Приштина не е прекинат поради воведување на царини на артиклите од Србија, туку затоа што Косово било во опасност. На нејзината изјава реагираше српскиот министер за одбрана Александар Вулин. Тој во пишана изјава вели дека нема да има независно Косово. И партијата на косовските Срби, Српска Листа реагираше на изјавата на Тахири. Читать дальше...

СЈО реагира што парите за нив одат за избори

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалното јавно обвинителство бара повлекување на амандманот на предлог Буџетот за следната година, со кој парите предвидени за СЈО се пренаменуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори. Од ова обвинителство реагираат дека со загриженост и неверување ја примиле информацијата за пренамена на парите. Во соопштението објавено на нивната веб страница се наведува дека според законот за СЈО, кој е на сила до 15 септември 2020, други институции не може да го менуваат финансискиот план на ова обвинителство. Читать дальше...

Говорот на Пендаровски, градење мостови или празни зборови

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците и порача на следната власт веднаш по изборите да спроведе прочистување во судството, но и кај политичарите. Опозицијата пак е разочарана од говорот затоа што, според неа, Пендаровски не го напуштил партискиот дрес.

Српскиот истражувачки новинар Дојчиновиќ депортиран од Абу Даби

SlobodnaEvropa.mk 

На српскиот истражувачки новинар Стеван Дојчиновиќ синоќа му било забрането да влезе во Обединетите Арапски Емирати, каде требало да присуствува на конференција на ОН за борба против организиран криминал и корупцијата. Тој за РСЕ вели дека не знае зошто е депортиран. Дојчиновиќ е уредник на Мрежата за истражување на криминал и корупцијата (КРИК). Тој рано утрото се вратил во Србија. Од КРИК, соопштија дека на Дојчиновиќ му било речено дека е ставен на „црната листа“ и дека не може да влезе во Емиратите. Читать дальше...

Високиот американски дипломат за Украина се повлекува од функцијата

SlobodnaEvropa.mk 

Високиот американски дипломат во Украина, Вилијам Тејлор, ќе ја напушти функцијата наредниот месец, по краткиот мандат во земјата, одбележан од истрагата за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Во вчерашниот е-маил до Њујорк тајмс, тој вели дека ќе се повлече на почетокот на јануари, поради тоа што неговото привремено назначување во Украина истекува во јуни. Администрацијата на Трамп „наскоро ќе номинира постојан амбасадор“, напиша тој без да образложи. Претходно, повикувајќи се неименувани американски претставници... Читать дальше...

Регистрирани 67 професионални онлајн медиуми

SlobodnaEvropa.mk 

Регистарот на професионални онлајн медиуми, кој денеска беше презентиран, има вкупно 67 членки. Во регистарот влегуваат онлајн медиуми со транспарента сопственичка структура, кои се обврзуваат дека ќе ги почитуваат професионалните стандарди и ќе објавуваат информативни содржини. Регистарот го презентираа Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Кон процесот на креирање на регистарот се приклучи и Стопанската комора на Македонија. Регистарот... Читать дальше...

Талибанците се противат на вакцинирањето против полио во Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците во Пакистан убиле двајца полицајци кои ги заштитувале тимовите од здравствени работници кои на терен спроведуваат вакцинирање против детска парализа (полио). Локалната полиција соопшти дека кон полицајците било пукано пред да влезат во болница во северозападната провинција Кибер Пахтунхва. Портпаролот на пакистанските Талибанци рече дека тие стојат зад нападот. Во изминатата деценија, талибанските милитанти убија многу здравствени работници кои се обидуваа да го вакцинираат населението... Читать дальше...


Музыкальные новости
The Beatles

100 лучших сольных песен The Beatles - 4





Персональные новости
Сергей Брановицкий

Регистрация Авторского права. Регистрация объекта авторского права. Регистрация Авторского права на книгу. Регистрация Авторского права на музыку.





Годинава во Македонија се обиделе да влезат над 18 илјади мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Во првите девет месеци од годината биле спречени 18.448 обиди за илегално преминување на границите на Македонија, за разлика од лани кога беа откриени 13.143 вакви случаи, покажуваат податоците на МВР. Најголем дел од обидите се регистрирани на границата со Грција, или околу 90,7 отсто, а околу осум проценти се на границата со Србија. И оваа година најбројни биле мигрантите од Пакистан и Авганистан. На денешната дебата за безбедност на границите, учесниците истакнаа дека Западниот Балкан се уште... Читать дальше...

Пендаровски - Прочистување во правосудството, но и кај политичарите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците во Собранието рече дека целта му била да остане независен, претседател на сите, а не партиски послушник или апологет на некој транзициски олигарх. Претседателот рече дека поделбите во општество, за кои говореше пред Собранието и во својот инаугуративен говор, се сè уште длабоки, и ако некогаш луѓето се делеа по етничка линија, сега и меѓу Македонците поделбите се продлабочија. „Граѓанско помирување нема да се случи само по себе... Читать дальше...

Американските пратеници дискутираат за санкции проитив руската агресија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Сенат треба да расправа по нацрт законот за санкции кон Русија за наводното мешање во демократските процеси во странство, како и за активностите во Сирија и за агресијата против Украина. Нацрт законот денеска треба да се разгледува во Комисијата за надворешни работи на Сенатот. Ако Комисијата го одобри нацрт-законот, познат како Закон за американска одбрана од руска агресија, потоа тој оди на гласање во Претставничкиот дом и Сенатот. А за да стане закон треба да го потпише претседателот Доналд Трамп... Читать дальше...

Хрватска сомничи државјани на Македонија и Хрватска за криумчарење мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската канцеларија за спречување корупција и организиран криминал (Ускок) почна истрага против седум државјани на Северна Македонија и двајца државјани на Хрватска под сомнение дека организирале нелегално преминување на 166 странски државјани преку хрватската граница со БиХ и со Словенија. Хрватските власти се сомневаат дека групата организирала 19 нелегални преминувања преку државната граница од БиХ кон Хрватска, како и од Хрватска во Словенија и дека за тоа земале пари. Илегалното пренесување... Читать дальше...

Во судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан повредени девет луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Во најновите судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан се повредени девет луѓе, потврдуваат локалните власти и медицински извори. Од повредените шестмина се државјани на Киргистан и тројца државјани на Таџикистан. Граничната служба на Киргистан соопшти дека во судите кои избиле во јужниот регион Баткен се повредени четворица киргистански граничари, локален пратеник и еден жител. Дел од нив се повредени од истрели од огнено оружје, соопштуваат од граничната служба. Медицински извори од таџикистанска... Читать дальше...

Како се контролира увезениот отпад

SlobodnaEvropa.mk 

Забрана за увоз на отпад како извор на енергија е едно од барањата на иницијативата „Зелен Фронт“ до македонските власти, поради сомневања дека освен познатите извори, воздухот е загаден и од согорување на увезен отпад во различни погони кои според нив, инспекцијата недоволно ги контролира.

Спорт в России и мире
Москва

Волейболисты «Зенита-Казань» стали чемпионами России


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Потапова и Павлюченкова вышли в полуфинал турнира WTA в Мадриде в парном разряде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Первый в России электромобиль Tesla Cybertruck заметили на Москве





Путин в России и мире
Москва

Президент России Владимир Путин подтвердил проведение XVI Международного военно-музыкального фестиваля «Спасская башня»


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

«Набей им морду, покажи им, что ты настоящий белорус». Лукашенко о поездке спортсменов на Олимпиаду




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

В Киеве СБУ проводит облавы против нелояльных Зеленскому


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певец

Певец Денис Майданов рассказал о состоянии здоровья и госпитализации



Москва

Слишкович слишком долго не проигрывает: Угадываем составы на дерби «Динамо» – «Спартак» в Кубке России

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net