Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Декабрь
2019

Новости за 30.12.2019

Вишок во битолскиот буџет – Власта ништо не работи или се спрема за инвестициска офанзива?

SlobodnaEvropa.mk 

Во битолскиот буџет за годинава има вишок од 300 милиони денари кои се префрлени во буџетот за догодина. Опозицијата обвинува дека тоа покажува дека власта ништо не работи, додека градоначалничката вели дека тие пари ќе се потрошат на големите инфраструктурни инвестиции наредната година.

Помпео во посета на Истокот

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска ќе се сретне со претставници на поранешните четири советски републики и Кипар за време на петдневната турнеја насочена кон „Суверенитетот и територијалниот интегритет“на државите кои граничат со Русија. Помпеоќе ги посети Украина, Белорусија, Казахстан и Узбекистан . Американскиот дипломат „ќе ја реафирмира американската поддршка за суверенитетот на Украина и територијалниот интегритет“, соопшти Стејт департментот.

Потпишан колективниот договор во културата

SlobodnaEvropa.mk 

Вработените во културата добија колективен договор со кој ќе имаат регулирани работнички права, а од 1 јули следната година ќе бидат утврдени и коефициентите за платите. Договорот беше потпишан денеска од Синдикатот на културата и Министерството за култура. „Со потпишувањето ќе бидат регулирани работничките права, се валоризира трудот, се утврдуваат надоместоците и се заштитуваат сите права на вработените од културата“, истакна министерот за култура Хусни Исмаили. Од Синдикатот за образование... Читать дальше...



За Русија нападите на САД во Ирак и Сирија се неприфатливи

SlobodnaEvropa.mk 

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека американските воздушни напади во Ирак и Сирија се неприфатливи и контрапродуктивни. Како што јавува Ројтерс, официјална Москва ги повикува сите страни да избегнат зголемување на тензиите во регионот. Претходно САД соопштија дека во Ирак и во Сирија извеле воздушни напади врз позиции на единиците обвинети за напад во кој бил убиен американски воен снабдувач. Пантагон соопшти дека американските сили извеле прецизни одбранбени удари врз пет локации на Хезболах... Читать дальше...

Апелација- на Груевски и понатаму ќе му се суди за „Траекторија“

SlobodnaEvropa.mk 

Иако судијата од Основниот кривичен суд Скопје, Горан Бошевски пред еден месец констатираше дека делото за поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ е застарено, Апелацискиот суд Скопје го поништи ваквото решение. Ова значи дека на Груевски и понатаму ќе му се суди за злоупотребите при изградбата на автопатите Штип-Миладиновци и Кичево -Охрид. Од Апелацискиот суд велат дека по жалбата на Обвинителството донеле одлука дека судијата не можел да донесе вакво решение, туку застареноста... Читать дальше...

Ердоган бара од парламентот одобрение да прати војници во Либија

SlobodnaEvropa.mk 

Турското претседателство испрати барање до парламентот за испраќање на војници во Либија, јави турската државна агенција Анадолија. Пратениците се очекува да гласаат за одобрување на барањето кое претседателот Реџеп Таип Ердоган го потпиша во четвртокот. Минатата недела тој рече дека очекува гласањето да се случи на 8 или 9 јануари. Барањето се очекува да помине бидејќи партијата на Ердоган има мнозинство во парламентот. Тој вели дека владата на национален договор со седиште во Триполи, која е поддржана од Обединетите нации... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ја комплетираше листата нивни предлози во техничката влада

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ ги комлетираше нивните предлози за позиции во техничката влада која треба да ги организира изборите договорени за на 12 април 2020 година. Извори од опозициската партија за Радио Слободна Европа брифираат дека на местото министер за труд и социјална политика ја предлагаат Рашела Мизрахи, доктор на науки по биохемија. Таа досега политички не беше експонирана, а од неодамна почна да држи прес конференции во име на опозициската партија. Истите извори велат дека за местото заменик министер... Читать дальше...

Истрага за осум лица за нелегална приватизација, меѓу нив и судија

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведува истрага за осум лица за кои се сомневаат дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 5 од Кривичниот законик. Од обвинителството соопштуваат дека истражуваат дело кое се случило во 2011 година, а се однесува на незаконска приватизација на градежно земјиште во државна сопственост во тетовско. Првоосомничениот, кој во тој период бил претседател на спортско здружение од Тетово... Читать дальше...



Димитров: Носењето на законот за ЈО ќе ни помогне на европскиот пат

SlobodnaEvropa.mk 

Годината што изминува министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во изјава за медиумите ја оцени како дипломатски плодна наведувајќи дека се заокружува членството во НАТО, а како што рече дојдовме и пред вратата на почеток на преговори со Европската унија. „Имавме одличен извештај во мај, во јуни ни кажаа во октомври ќе има суштинска одлука, во октомври ни кажаа не одлучуваме, ќе одлучиме пред загрепскиот самит во мај во новата година“, рече Димитров. Министерот додаде дека носењето... Читать дальше...

Средба Лавров- Зариф во Москва

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска рече дека Соединетите Американски Држави и Европската унија треба или да ги завршат обврските од нуклеарниот договор од 2015 година со Техеран или да го прогласат за непостоечки. Лавров ова го рече по состанокот во Москва со иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф. Тој, пак, нагласи дека европските потписници на договорот „не преземаат ниту еден чекор“ да го поддржат. Со нуклеарниот договор се предвидува намалување на... Читать дальше...

Лекарска комора: Годинава 163 доктори побарале потврди за странство

SlobodnaEvropa.mk 

Во изминатите пет години бројот на поднесени барања од доктори на медицина за издавање на потврди за странство изнесува 794 и тоа во 2015 година – 171, во 2016 година -162, во 2017 година -120, во 2018 година 178, а до декември годинава -163, покажуваат податоците за кои денеска информира Лекарската комора. Шеесет проценти од вкупниот број доктори на медицина кои го положиле стручниот испит годинава, посочуваат од Лекарската комора, се изјаснале дека своето вработување ќе го бараат во државава... Читать дальше...

Пендаровски и Џафери разговарале за преодната влада и изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Собранието, Талат Џафери, при што размениле мислења за севкупните состојби во државата и очекувањата за следната година, информираат од Кабинетот на шефот на државата. Двајцата  разговарале и за претстојните активности во процесот на формирање и функционирање на преодната Влада, за спроведување на предвремените парламентарни избори, односно за обврските на двете институции во тој процес. „Претседателот на државата Пендаровски и претседателот на Собранието... Читать дальше...

Младите во 2019: Погласни, поактивни и посвесни

SlobodnaEvropa.mk 

Новите генерации во земјава ги земаат работите во свои раце. Со овој став се повеќето млади кои ги прашавме како гледаат на изминатата година во однос на младинскиот статус и случувања. Иако имаше негативни ситуации, како последниот со објавување видеа на социјалните медиуми додека кршат мебел во училиштата, сепак има инспиративни млади кои носат позитивни промени во своите генерации и општеството. Особено што годината се заокружи со младинскиот „крик“ против аерозагадувањето, кога бојкотираа настава... Читать дальше...

Санадер доби уште шест години затвор

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот хрватски премиер и претседател на партијата ХДЗ Иво Санадер е осуден на шест години затвор поради примање мито од десет милиони евра за да на унгарската нафтена компанија МОЛ и го препушти управувачкиот пакет на хрватската нафтена компанија ИНА. Дополнително Санадер е обвинет дека со директорт на МОЛ договорил издавање на нерентабилната гасоводна инфраструктура на ИНА, јави дописникот на МИА од Загреб. За виновен во аферата е прогласен и директорот на МОЛ Золт Харнади и тоа поради давање на мито... Читать дальше...

Телефонски разговор Меркел- Путин

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел и рускиот претседател Владимир Путин разговарале за прашања поврзани со Балтикот и Либија во телефонскиот разговор вчера, соопшти официјален Кремљ. Од таму наведоа дека разговорот бил по иницијатива на Берлин, а тврдат и дека двајцата лидери се согласиле оти е потребна понатамошна поддршка за гасоводот Северен поток 2, кој сега е погоден од американските санкции. Меркел и други германските владини претставници ги критикуваа американските санкции кон Северен поток 2... Читать дальше...

Турција- сто лица уапсени за поврзаност со Исламска држава

SlobodnaEvropa.mk 

Турските власти денеска уапсија сто лица кои се осомничени дека се поврзани со Исламската држава од кои 50 се странски државјани. Државната агенција Анадолија јавува акцијата се одвивала низ целата земја, а дека повеќето од приведените странци се Ирачани.Акциите се заеднички на националната разузнавачка служба и антитерористичката полиција. Од ноември годинава Турција депортира странски терористички борци поврзани со Исламска држава. Таа екстремистичка група ја презема одговорноста за нападот во... Читать дальше...

До техничката влада и по неа

SlobodnaEvropa.mk 

Новата техничка влада треба да биде избрана најдоцна до 3 јануари на полноќ. Премиерот Зоран Заев треба да си поднесе оставка, да биде избран технички премиер и техничка влада. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе добие министри во две министерства и тројца заменици министри.

САД изведоа удари во Ирак и Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави соопштија дека во Ирак и во Сирија извеле воздушни напади врз позиции на единиците обвинети за напад во кој бил убиен американски воен снабдуваш. Пантагон соопшти дека американските сили извеле прецизни одбранбени удари врз пет локации на Хезболах, ирачка група поддржана од Иран. Во петокот во ракетен напад во близина на градот Киркук загина еден Американец.

Полска го обвини Путин дека лаже за Втората светска војна

SlobodnaEvropa.mk 

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го обвини рускиот претседател Путин дека лаже кога ја обвинува Полска за избувнување на Втората светска војна и наведе дека шефот на руската држава тоа го прави за да го сврти вниманието од неодамнешните политички неуспеси на Москва. Во тие неуспеси тој ги наведе суспензијата на руските спортисти поради допинг и неуспешниот обид на Москва за присоединување на Белорусија. Втората светска војна почна во 1939 година со инвазијата на нацистичка Германија врз Полска.


Музыкальные новости
Пётр Чайковский

В Клину состоится праздничная программа в честь дня рождения Чайковского





Персональные новости
Сергей Брановицкий

Актерское агентство Киноактер. Актерское агентство в Москве.





На Богородица уапсен Индиец кој кримчарел во гепек друг Индиец

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската полиција уапсила еден Идиец кој се обидувал преку граница да прокриумчари друг Индиец во автомобилски багажник. 22 годишниот Индиец со италијанска лична карта била уапсен на граничниот премин Богородица на македонско грчката граница. „За случајот е известен обвинител, а по целосната документација ќе бида поднесена соодветна пријава“, наведуваат од македонската полиција.

Балканскиот список на Москва – Од Скопје до Бања Лука

SlobodnaEvropa.mk 

Според НАТО Центарот за стратешки комуникации, списокот сопатници и повереници на Русија на Балканот е многу долг и на него се наоѓаат партии, здруженија, граѓански движења и организации со проруска агенда, од Скопје до Бања Лука, кои Кремљ ги користи во обидите да го запре ширењето на НАТО и ЕУ.

Путин му заблагодари на Трамп за спречување терористички акти

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин му заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „информација преку специјалните служби која помогнала да се спречат терористички акти во Русија“, соопшти Кремљ, наведувајќи дека тоа бил сторено преку телефонски разговор. Засега нема потврда за ова од американска страна. Руските медиуми објавија дека разузнавачките служби соопштиле оти двајца Руси кои сакале да извршат терористички напад во Санкт Петербург за време на новогодишните празници биле уапсени врз основа на американско предупредување.

Кога светските лидери излегуваат од протоколот

SlobodnaEvropa.mk 

Светските лидери понекогаш со своите изјави, но и постапки излегуваат од рамките на протоколот и строгите стандарди на однесување и обраќање. Ви пренесуваме некои од нив што се случија во 2019 година.

Протести во Црна Гора поради верскиот закон

SlobodnaEvropa.mk 

Во неколку градови во Црна Гора и синоќа со мали инциденти беа одржани протести и блокади на сообраќајот по повод усвојувањето на Законот за слободата на вероисповедта. Полицијата пред црквата на Христовото воскреснување во Подгорица употребила солзавец, бидејќи насобраните не сакале да се разотидат. Во близина на аеродромот кај Подгорица била каменувана полициска патрола и притоа полесно биле повредени четворица полицајци. Протести имало и во Никшиќ, Бар, Тиват. Во петокот беше усвоен закон со... Читать дальше...

Времето денеска: променливо облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе биде променливо облачно и студено со провејување на слаб снег, особено на северот од земјава. Ќе дува умерен до засилен, а повремено силен северен ветер со брзина и над 50 км/час. Утринската температура ќе биде од минус осум до два, а дневната од минус шест до шест. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде околи нулата, а дневната ќе достигне до два степена.

Спорт в России и мире
Москва

«Торпедо» объявило об уходе хоккеистов Кручинина, Бауи и Малова


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Азаренко проиграла в 1/16 финала турнира WTA-1000 в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Первый в России электромобиль Tesla Cybertruck заметили на Москве





Путин в России и мире
Москва

Собянин: к 2030 году на долю Москвы придется 35–40% туристов в России


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

«Набей им морду, покажи им, что ты настоящий белорус». Лукашенко о поездке спортсменов на Олимпиаду




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Цинизм зашкалил: Елена Зеленская повеселилась в Киеве с герцогиней Эдинбургской


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Валерий Гергиев

Оркестр Мариинского театра под управлением Валерия Гергиева выступил в Нижнем Новгороде



Москва

Искусство Победы: После демонстрации. Они видели Сталина

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net