Пентагон ги оцени за „смешни“ обвинувањата дека стои зад нападот во Иран
Американскиот секретар за одбрана Џим Матис ги отфри иранските обвинувања дека САД стојат зад нападот за време на една воена парада во текот на изминатиот викенд. Според Матис, ваквите обвинувања биле „смешни“. „Досега тие обвинија најмалку три земји и една терористичка група. Ќе видиме колку долг ќе биде тој список. Но, добро би било да знаат што зборуваат пред да почнат да зборуваат“, изјави Матис. На воената парада во Ахваз најмалку 25 луѓе загинаа кога вооружени лица почнале да стрелаат врз војници и цивили.