Бејли: Македонија е на крстосница, одлуката на референдумот е многу важна
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека одлуката што македонските граѓани треба да ја донесат на референдум е многу важна и затоа се надева дека ќе излезат и ќе го кажат своето мислење.
„Драго ми е што сум овде на оваа крстосница на Македонија, во време кога Македонија е на крстосница и многу важната одлука на граѓаните што треба да ја донесат неделава што претстои. Се надевам дека граѓаните ќе излезат и ќе го искажат своето мислење, кое и да е тоа, ова е значаен дел од демократскиот процес,“ изјави Бејли при денешната посета на општина Куманово.