Габриел: Поевтин роаминг за Западен Балкан, а потоа и негово укинување
За три до четири години очекуваме намалување на цените на роамингот за Западен Балкан, кој ќе биде укинат кога земјите од регионот ќе станат членки на Европската унија, изјави еврокомесарката за дигитално општество Марија Габриел.
„Би сакале да постигнеме конкретни резултати за три-четири години. На ЕУ и требаше 10 години разговори и договори за оваа тема. Кога земјите од регионот ќе станат члемки на ЕУ, во тој момент нема да има потреба за посебни цени за роаминг. Сега разговараме за намалување на цените на роаминг“, изјави Габриел на прес-конференција во Белград, по средбата со српската премиерка Ана Брнбиќ.
Еврокомесарката изјави дека се планира до летото 2019 година, цените на мегабајт во роаминг да бидат 70 центи, а до 2021 година 20 центи.