Сиријците гласаат на локалните избори за прв пат по 6 години
Граѓаните во реоните кои се под контрола на сириските власти гласат на локалните избори за прв пат по повеќе од шест години. Околу 40 илјади кандидати се пријавени за речиси 18 500 места во локалните власти.
Министерството за локална администрација ги повика Сиријците масовно да излезат и да гласаат и со тоа да покажат дека ќе останат обединети пред заканата на тероризмот. Гласање нема да се одржи надвор од реоните кои не се под контрола на властите, вклучително и во покраината Идлиб.