Кина стравува од тајфунот кој ги погоди Филипини
Во делови од Кина е издадено големо предупредување поради големите врнежи од дождови и ветрови како резултат на тајфунот Мангкут на југоисточниот брег. Околу пола милион луѓе биле евакуирани од покраината Гуангдонг во Кина.
Националниот метеролошки центар ги предупреди луѓето да се подготват за евентуална катастрофа. Стотици летови во регионот се откажани. Во Филипини, властите соопштија дека најмалку 36 лица загинале а десетици се исчезнати како резултат на тајфунот.