САД повикаа на итен состанок на ОН за санкциите врз Северна Кореја
САД повикаа на итен состанок на Советот за безбедност на ОН на 17 септември. Според соопштението, САД повикале на средбата поради неодамнешните напори на некои земји членки за поткопување и попречување на спроведување на санкциите против Северна Кореја.
Во фокусот на разговорите ќе биде спровеедувањето на санкциите на ОН врз Северна Кореја, но не се наведува за кои земји станува збор. Американскиот амбасадор Ники Хејли ја обвини Русија дека го променила независниот извештај на ОН за да го прикрие наводното прекрушување на санкциите од страна на земјата. Според неа, Русија извршила притисок врз набљудувачи за промена на извештајот.