Руската црква ги прекинува врските со Цариградската патријаршија
Руската православна црква соопшти дека нема повеќе да учествува во структурите предводени од Вселенска патријаршија. Таквиот чекор доаѓа за време на обидите на украинската црква формално да се оддели од руската црква.
Светиот синод на руската православна црква вчера одржа средба со цел да одговори на одлуката на Цариградската патријаршија во Истанбул која најави дека ќе испрати двајца бискупи во Украина на што се гледа како чекор напред кон прогласување на автокефалност на тамошната црква. Таквиот чекор на Вселенскиот патријарх Вартоломеј Први беше цел на остри критики од страна на рускиот патријарх Кирил.