Девет рудари загинаа во Пакистан
Девет рудари загинаа, а четворица се повредени кога се урна дел од рудник за јаглен во северозападен Пакистан, информираат локални претставници. Несреќата се случила изутринава во близина на градот Дара Адам Хел кога работниците влегле во рудникот. Не се познати причините за уривањето. Двајца од повредените рудари се во сериозна состојба.
Ова е втора голема несреќа во рудник за јаглен во Пакистан во изминатиот месец. На 13 август најмалку 18 рудари загинаа во експлозија во рудник во близина на градот Куета.