Путин предложи потпишување мировен договор со Јапонија
Рускиот претседател Владимир Путин предложи потпишување на мировен договор за Втората светска војна со Јапонија до крајот на годинава, „без предуслови.“
Путин изненадувачката понуда ја направи денеска, додека седеше до јапонскиот премиер Шинзо Абе на сцената на економскиот форум во рускиот град Владивосток.
Откако Абе го притисна Путин за предметот на договорот и решението на деценискиот спор околу групата острови кои ги бараат двете земји, Путин рече: „идејата само дојде во мојата глава.“
„Ајде да склучиме мировен договор до крајот на оваа година, без никакви предуслови“, рече Путин наведувајќи дека спорните прашања можат да се решат подоцна. Абе не даде веднаш одговор.
Договор без предуслови веројатно ќе значи Русија да ја напушти контролата на спорните острови, кои Москва ги нарекува Јужни Курили, а Јапонија Северни територии.
Советските сили ги окупираа островите кон крајот на Втората светска војна, а територијалниот спор ги спречи Москва и Токио формално да ги завршат непријателствата во војната.