Јункер ќе зборува за состојбата на ЕУ
Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер денеска претпладне во Европскиот парламент во Стразбур ќе го одржи неговиот четврти говор за состојбата на ЕУ. Главна тема, според медиумите, ќе биде миграцијата и заштитата на европските граници. Последниот негов говор доаѓа пред изборите за европарламентот во мај идната година и во контекст на тековната дебата за иднината на ЕУ, по Брегзитот во март догодина.