Трамп со нови санкции за мешање во изборите во САД
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да нареди нови санкции врз странски компании или индивидуалци кои биле инволвирани во мешањето на изборите во Соединетите држави, јави новинската агенција Ројтерс, додавајќи дека до тоа би можело да дојде уште денеска. Овој чекор би бил последниот во низата што ги презеде администрацијата на Трамп по заклучоците на американската разузнавачка заедница дека имало руско мешање во претседателските избори во 2016 година.