Брнабиќ: нема најави дека Тачи ќе дојде во Прешево
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека во Владата во Србија не стигнала најава за евентуалната посета на претседателот на Косово Хашим Тачи, како и дека тој мора прво да и се обрати на српската Влада, јавува БЕТА.
“Немаме никакви најави. Прво ќе мора да и се обрати на Владата на Србија, прво ќе погледнеме што ќе и каже на Владата на Србија, па врз основа на тоа ќе одлучиме“, рече Брнабиќ.
Денеска кабинетот на Тачи објави дека тој ќе се сретне со лидерите на албанските политички субјекти од Прешевската Долина, односно од Прешево, Медвеѓа и Бујановац.