Избори во Шведска, имиграцијата главна тема
Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарни избори чии резултати се очекува да бидат најнеизвесни во историјата на земјата во последните децении. Изборите доаѓаат по острите дебати за имиграцијата.
Ова е и прво изјаснувањето на граѓаните откако владата во 2015 година дозволи влегување на 163 000 мигранти во земјата која има десет милиони жители. Иако бројката е далеку помала од онаа што ја прими Германија, сепак се работи за најголем број примери мигранти по глава на жител во Европа.
Очекувањата се дека ниту една политичка опција нема да го освои апсолутното мнозинство од 175 пратеници. Најновите анкети покажуваат дека владејачката социјалдемократска партија на премиерот Стефан Лофвен ќе изгуби многу пратеници, но дека и понатаму ќе остане најсилна партија со освоени околу 25 отсто од гласовите. Според анкетите, екстремно десничарската и антимигрантска партија Шведски демократи би можела да добие околу 19 отсто од гласовите.