Харадинај: Секој обид за загрозување на Косово ќе биде поразен
Премиерот на Косово Рамуш Харадинај синоќа на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека секој “обид да се загрози територијалниот интегритет и владеењето на правото на Косово ќе биде поразен”.
"Како премиер на Косово ве уверувам дека ќе го победиме секој обид да се загрозат овие основни принципи поради кои нашиот народ многу се жртвуваше” напиша Харадинај, додавајќи дека Косово е земја која верува во слободата на изразување и демократските вредности.