Меркел пристигна во посета на Македонија
Со државни почести на платото пред Владата, македонскиот премиер Зоран Заев ја пречека германската канцеларка Ангела Меркел, која денеска престојува во прва официјална посета на Македонија.
Меркел, како што информираат од Владата, е во еднодневна посета на Македонија за да даде јасна поддршка на нашата земја за Договорот од Преспа и да упати порака за успешност на референдумот со кој се отвораат вратите за евроатлантските интеграции на Македонија.
По едночасовната средба, германската канцеларка и македонскиот премиер ќе одржат заедничка прес-конференција.