Заев на чело на Комитетот за интеграција во НАТО
На денешната владина седницата е формиран Kомитетот за интеграција на Македонија во НАТО, а одлучено е со него да претседава премиерот Зоран Заев, а негови заменицисе министрите Радмила Шекеринска Јанковска, Бујар Османи и Никола Димитров, соопштија од владината прес -служба.
Во комитетот ќе членуваат и министрите Оливер Спасовски, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Дамјан Манчевски, началникот на генералштабот на АРМ Васко Ѓурчиновски,директорот на дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски и заменик министрите Беким Максути, и Агим Нухиу, како и претставник од опозицијата (според номинација од најголемата опозициска партија).
Во работата на комитетот може да учествуваат и други членови на Владата и други релевантни чинители доколку се расправа за теми од нивната област.
Владата на денешната седница одлучи да се воведе и заедниќка гранична контрола меѓу Македонија и Албанија. Ваков принцип беше воведен на границата со Србија во неделата.
На владината седница е одлучено по повод 8 септември – Денот на независноста на Македонија, в сабота власта да организира прослава на платото пред зградата на Владата.