Австрискиот канцелар Курц в петок во Македонија
Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц, в петок доаѓа во официјална посета на Македонија, соопштија од македонската влада. Од таму соопштуваат дека е предвидена е и заедничка прес конференција на Курц со премиерот Зоран Заев.
Земјата во периодот ја посетуваат странски високи политичари кои праќаа свои пораки пред претстојниот референдум за промена на името на Македонија.