Пратенците согласни Зоран Анѓеловски да биде прв човек на ОТА
Власта и опозицијата во Собранието се договорија Зоран Анѓеловски да биде прв човек на Оперативно техничката агенција(ОТА), која ќе треба да раководи со опремата за прислушување и да следи комуникации. Денеска на собраниската Комисија за избори и именување пратениците без дискусија го избраа Анѓеловски за директор на Агенцијата, а официјално треба да биде изгласан на собраниска седница в четврток.
Анѓеловски е поранешен разузнавач. Тој е избран во конкуренција од 14 кандидати.