Влијателен ирански свештеник одбива разговори со Европа за балистичките ракети
Влијателен ирански свештеник изјави дека Европа не помага да се зачува нуклеарниот договор потпишан меѓу Иран и светските сили, барајќи дополнителни разговори за прашања како балистичките ракети на Техеран, известуваат иранските државни медиуми.
„Европа најави дека нема да го напушти договорот. Во пракса, покренувајќи дискусија за проектили и за други прашања, тие не го следат соодветниот пар“, беше денеска цитиран ајатолахот Ахмад Џанати.
Џанати го предводи иранското Собрание на експерти – група на независни свештеници задолжени за надзор на работата на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи.
На 30 август францускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан предупреди дека Иран и светските сили „мораат да разговараат“ за одредени теми кои го загрижуваат Западот.
„Иран не може да ги избегне дискусиите, преговорите за трите главни теми кои не загрижуваат: иднината на нуклеарните заложби на Иран по 2025 година, балистичкото прашање и фактот дека постојат ист вид на пролиферации од страна на Иран, како и улогата на Иран за стабилизирање на целиот регион“, рече Ле Дриан.
Коментарите на Ле Дријан ги потврдија некои од причините дадени од страна на претседателот на САД Доналд Трамп за да го оправда неговото повлекување од нуклеарниот договор.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сака да го врати Иран на преговарачка маса, но иранските власти го отфрлија таквиот предлог.