МВР ги презема сите мерки за мирна атмосфера на референдумот
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се преземаат сите потребни подготовки да се создаде мирна атмосфера, за да можат граѓаните самостојно да донесат одлука на престојниот референдум. Тој при денешната посета на Велес, рече дека придобивките од членството во НАТО и ЕУ се огромни.
Министерот Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање потврди дека Зоран Ангеловски ќе биде именуван за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).
На денешната средба со градоначалникот на Велес Аце Коцевски се разговарало за меѓусебната соработка и за обновување на врската меѓу локалната заедница и полицијата.