Орбан најави поблиски врски со земјите од Централна Азија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вети дека ќе развие поблиски врски со Киргистан и со другите нации во Централна Азија. Зборувајќи пред новинарите по денешните разговори во Бишкек со киргистанскиот претседател Соронбеј Џинбеков, Орбан рече дека оти е „чест да се биде првиот унгарски премиер кој го посетил Киргистан.“
„Унгарија го памети своето потекло. Европа смета дека сме најисточните луѓе на Западот. Но, исто така не гледаат како странци бидејќи таму немаме роднини. Унгарија ќе се погрижи за своите културни корени“, рече Орбан додавајќи дека неговата посета на Бишкек била успешна.
Орбан исто така го покани Џинбеков во Унгарија и му се заблагодари за поддршката за пристапот на Унгарија во Советот на туркофонските држави, кој беше основан во 2009 година меѓу Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Турција како основачки членови на групата.