САД предупрeдија за ескалација на воениот конфликт во Сирија
Соединетите Држави ги предупредија Сирија и Русија дека во наредните деновиќе го следат воениот нападврз последната бунтовничка провинција во Сирија, Идлиб, како ескалација на седумгодишната сириска граѓанска војна. Предупредувањето од државниот секретар на САД, Мајк Помпео дојде откако бунтовници во провинцијата Идлиб, во Сирија, која граничи со Турција, ги разнесоа мостовите и ископаа ровови како дел од подготовките завладиниот напад што го најавија водачите на Сирија и Русија.
"САД сметаат дека ова е ескалација на веќе опасен конфликт. Три милиони Сиријци, кои веќе биле протерани од своите домови и сега се во Идлиб, ќе страдаат од оваа агресија. Не е добро, светот гледа," напиша Помпео на Твитер и го обвини рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за одбрана на плановите за напад на Сирија.
Обединетите нации предупредија дека голема воена операција во Идлиб би можела да ги истреби уште 800.000 луѓе во војна која веќе убила повеќе од 400.000 луѓе и раселени милиони.
Лавров вчера изјави дека сириската Влада има секакво право да ги истера „терористите“ од енклавата Идлиб. Тој додаде и дека се разговара за воспоставување на хуманитарни коридори во провинцијата. Шефот на руската дипломатија во четвротокот го предупреди Западот да „не си игра со оган“ во Идлиб, посочувајќи дека се подготвува нова провокација со цел да се попречат плановите за спроведување на антитерористичка операција во Идлиб.