Приведен осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
Охридската полиција информираше дека жител на охрид бил приведен под сомнение за вчерашното убиство на жената од Велгошти. Осомничениот бил приведен доцна синоќа во Струга.
Вчера попладне, во полициската станица Охрид било добиено телефонско известување дека е пронајдено мртво тело на жена, по што било утврдено дека се работи за 47-годишната Б.П..
Безживотното тело на жената го пронашле соседите во нејзиниот дом во селото Велгошти, каде што живеела сама. Според Јавното обвинителство, на телото биле видливи траги на насилство.