Амбасадорот на САД во Грција отимист за прашањето за името
Американскиот амбасадор во Грција Џефри Пјат пред денешните средби на медијаторот Метју Нимиц во Атина, изјави дека е оптимист оти ќе биде направен прогрес во преговорите за решавање на прашањето за името. Тој во интервју за грчката ТВ Скај вели дека Вашингтон целосно ги поддржува напорите на Нимиц и ОН за решавање на долгогодишниот спор.
„Јас сум оптимист. САД ќе сторат се да ги поддржат напорите што ќе ги презема Нимиц во наредните денови и недели“, изјави американскиот амбасадор Пјат наведувајќи дека интерес и на земјите од Западен Балкан, но и на САД е тие да се приклучат во НАТО и ЕУ.