Белата куќа: Трамп не е вмешан во оставката на заменик директорот на ФБИ
Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп немал ништо со оставката на заменик директорот на Федералното истражно биро Ендрју Мекејб. Портпаролот на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека Белата куќа не е вмешана во одлуката на Мекејб да поднесе оставка неколку недели пред неговото заминување во пензија. Таа додаде дека Трамп останува на неговите критики за Мекејб кој имаше клучна улога во истрагата за спорните мејлови на претседателската кандидатка на Демократската партија Хилари Клинтон и за тековната истрага за руското мешање во претседателските избори во 2016 година.