Голем напад со автомобил бомба во Кабул
Портпаролот на Талибанците Забихула Муџахид, рече дека милитатната група стоела зад нападот. Според министерството за внатрешни работи напаѓачот користел пропусницата од брза помош за да ги помине контролните пунктови.
На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа голем чад на местото на настанот, а очевидци велат дека зградите што се наоѓаат стотинa метри од нападот се оштетени од екслозијата. Нападот се случува една недела по инцидентот во хотелот Интерконтинентал во кој загинаа 25 луѓе.
