Нови санкции на САД за поврзани со конфликтот во Украина
Министерството за финансии ги објавува мерките истиот ден кога американскиот специјален претставник за украинскиот конфликт се среќава со неговиот колега од Русија за да разговараат за начините за решавање на конфликтот. Денеска и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон се состана со украинскиот претседател, Петро Порошенко во Давос, Швајцарија.
Со новите мерки, Министерството за финансии нареди 11 луѓе да се идентификуваат како врвни сепаратистички функционери во источна Украина. Санкциите се насочени и кон неколку руски официјални претставници, меѓу кои и заменик-министерот за енергија, Андреј Черезов.
