САД ја повикаа Турција на соработка околу кризата во Африн
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ја повика Турција да работи со САД на создавање на безбедносна зона на северозападниот дел на Сирија, каде што турската армија од саботата спроведува офанзива против Силите за заштита на народот на сириските Курди. Според Турција, оваа организација претставува терористичка група, а американската воена поддршка за неа во изминатите години предизвика влошување на односите меѓу Вашингтон и Анкара. Турскиот премиер Бинали Јилдирим најави дека армијата ќе формира зона долга 130 километри, а длабока меѓу 20 и 30 километри меѓу двете држави, за да спречи уфрлање на курдски борци на турска територија.