Бутарис: Сфаќањето дека Македонија е само грчка е многу лошо
Сфаќањето дека Македонија е само грчка и ништо повеќе од тоа е мошне лошо, изјави градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, посочувајќи дека кога се пристапува кон одреден проблем потребно е да се земат предвид сите приклучени страни во спорот.
Тој вели дека за решавање на еден проблем треба да се видат аспектите на сите инволвирани, додавајќи дека треба да биде ставен крај на иредентистичките тензии во односите со Скопје, рече Бутарис за грчката агенција АНА-МПА, пренесува МИА.
„Не е во прашање само името. Доколку во Уставот на соседите и натаму има иредентистички тенденции, прашањето нема да се промени“, вели Бутарис.
Во врска со протестот во Солун за користење на терминот македонија, тој смета дека таа појава воопшто не им помогнала на преговорите и не го решила проблемот.