Убедлив пораз на македонските ракометари од Шпанија
Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин беше убедливо поразена од репрезентацијата на Шпанија со 31-20 во првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство во Хрватска. Првото полувреме заврши со 15-6 за Шпанците, а во вториот дел само рутински ја одржаа предноста.
Капитенот Кире Лазаров се повреди уште во првиот дел на натпреварот, а македонската репрезентација не се снајде против Шпанците.
Најефикасен на мечот беше Едуардо Гурбиндо со 6 гола, додека Феран Соле и Адриан Фигуерас дадоа по пет гола.
Кај македонската репрезентација најефикасни беа Дејан Манасков и Стојанче Стоилов со по 4 гола.
Борко Ристовски имаше 7 одбрани, а Никола Митревски имаше 14 одбрани.