Јилдирим: Турската армија навлезе во Африн
Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека турската армија навлегла во сириската покраина Африн.
Турската армија навлезе во Африн еден ден откако Турција ја почна операцијата Маслиново гранче со воздушни напади врз цели на Единицата за заштита на народот на сириските Курди, кои имаат поддршка од САД.
Претходно, турските власти соопштија дека сириските Курди истрелале четири ракети врз турскиот град Килис, при што полесно е повредено едно лице.
Африн е под контрола на силите на сириските Курди, кои Анкара ги обвинува дека го поддржуваат курдскиот бунт во југоисточна Турција. Сириските Курди се дел од Сириските демократски сили, главен американски сојузник во борбата против Исламска држава во Сирија.