Шекеринска: Столтенберг треба да слушне што сме сработиле
Според неа главната цел на посетата на Столтенберг е да слушне сто земјата сработила и кои се нашите планови.
„Во делот на одбраната има со што да се пофалиме, со податоци за зголемен буџет во одбраната, со веќе зголемено учество во мисијата на НАТО во Авганистан и со нови политики на транспарентност и интегритет кои покажуваат дека Македонија за да биде вистински член на НАТО прво треба да си обезбеди интегритет, транспаретност и одговорност во своето функционирање, рече Шекеринска.
