ВМРО-ДПМНЕ: Судот е најодговорен за продлабочување на кризата
Од партијата наведуваат дека доколку судиите имале интегритет, совест и свест, како што велат, ќе ги ослободеле неправедно приведените лица за настаните од 27 април. Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека судот е најдиректен и најодговорен учесник во се поголемиот раздор и продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики на секое поле од страна на владата на СДСМ.
