Сугарески ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска потврди дека на 23 јануари годинава ќе сведочи во СЈО за случајот „Траекторија“. Сугарески одговарајќи на новинарски прашања по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот посочи дека е повикан во СЈО како претставник на државата.
Случајот „Траекторија“ се однесува на злоупотреби поврзани со изградбата на автопатиштата Миладиновци - Штип и Кичево – Охрид и во случајот обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и екс министрите Владимир Пешевски и Миле Јанакиески.