ЕУ ги повика САД да го почитуваат нуклеарниот договор со Иран
Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини ги повика „сите страни“ да продолжат да се придржуваат кон нуклеарниот договор меѓу Иран и шесте светски сили, велејќи дека „договорот функционира.“
Могерини ги даде коментарите денеска, еден ден пред крајниот рок за американскиот претседател Доналд Трамп да ја објави клучната за тоа дали Вашингтон ќе продолжи да се откажува од санкциите против Иран во согласност со договорот.
Зборувајќи во Брисел со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, како и со министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Британија, Могерини рече дека нуклеарниот договор ја исполнува својата главна цел да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје.
францускиот министер за надворешни работи Ив Ле Дриан по состанокот во Брисел рече дека „од суштинско значење е сите страни да продолжат да го почитуваат договорот“, повикувајќи тоа да го направат и САД.
„Нема посебна причина за прекин, нема причини кои можат да деоведат до сомневање во иранското почитување на договорот“, речи Дриан.