Измените на законот за пушење на пленарна седница во Собранието
Собраниската Комисија за здравство денеска ги проследи на понатамошна постапка на пленарна седница измените на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, проследен од пратениците на СДСМ и ДУИ. Целта на измените е бришење на дел од еден став кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект. Од членовите присутни на денешната седница немаше гласови „за“ предлогот, односно четири пратеници гласаа воздржано и двајца беа против.