Кој дозволил токсична печка во Дрисла?
Печката за согорување медицински отпад не ги исполнува стандардите на ЕУ и се уште се употребува, потврдуваат надлежните. Иако е планирано да се постави нова, не се знае кога тоа ќе се случи. Екологисти најавуваат зголемени притисоци врз власта да се утврди кој е виновен што дозволил да се донесе таква печка.