„Среќна нова година“ на Трифуновски премиерно во Турски театар
Работена по мотиви на Даниил Хармс и Дејвид Ајвс, в четврток на 11јануари, со почеток во 20 часот, Турски театар премиерно ќе ја изведе претставата „Среќна нова година“. Режисер на проектот, кој меѓу другото се обидува „да одгатне што не тера да работиме против себе“, е Бојан Трифуновски.