Филмот Три Билборди победи на "Златен глобус"
Темата на вечерта беше унапредувањето на жените. Речиси сите присутни носеа црни облеки за да покажат поддршка за жртвите на сексуално вознемирување. Опра Винфри, 63-годишната телевизиска и филмска ѕвезда, стана првата црна жена на која и беше доделен Златен глобус за животно дело. Таа имаше впечатлив говор за поддршка на оние кои се изложени на сексуална злоупотреба во индустријата за забава и на други места.
