Вицепремиерот Османи утре на средби со Коѕијас и Катругалос во Атина
Утрешната посета на Османи грчките медиуми ја коментираат како прва точка од јануарските предвидени активности околу прашањето за името, а во насока на, како што наведуваат, „раздвиженоста“ на релација Скопје-Атина ги споменуваат и посетата на Македонија на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, новата рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со преговарачите на двете земји и евентуалната средба на премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас на маргините на Светскиот економски форум во Давос, пренесува МИА.
