Иванов: АРМ може да се спротистави со предизвиците со кои се соочува
“Армијата се покажа дека може да се спротивстави со сите предизвици со кои се соочува. Видовме каква е улогата на Армијата во чување на Република Македонија, во илегалната миграција, колку е таа вклучена и подготвена да излезе во пресрет на сите предизвици на кризниот менаџмент и која секојпат е прва во сите елементарни непогоди и се она што е неопходно кога треба да се помогне”, изјави Иванов.
Шефот на државата истакна дека живееме во свет којшто е непредвидлив и во кој постојат нови начини на војување поради што Армијата мора да располага со современи средства и да биде подготвана за сајбер напади.
