Во експлозија на камион со нафта, загинаа 55 луѓе во Нигер
Во експлозија на камион кој превезувал нафта во главниот град на Нигер, Нимеј загинале 55 луѓе, а 36 се повредени. Според властите, експлозијата се случила додека толпа луѓе се обидувала да наточи од нафтата на превртениот танкер при што се запалиле и околните куќи. Нигер е сиромашна земја на западот од Африка која се обидува да го искорени шверцот со гориво од соседна Нигерија, која е голем производител на нафта.