Собранието ќе расправа за предлогот Зибери да биде нов Омбудсман
По двочасовна расправа за утврдување на дневниот ред на 32. и 30. седница на Собранието, собранискиот спикер, Талат Џафери, отвори претрес по Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител, односно Омбудсман.
За народен правобранител е предложен Насер Зибери, предлог зад кој застана ДУИ, а против се изјасни пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива. Денеска пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците предложи седницата да почне најпрво со Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител, но не доби поддршка од пратениците.
Насер Зибери: Убедлива победа на концептот „прв премиер Албанец“
Насер Зибери, кој е поранешен пратеник во Собранието и актуелен нотар, беше и кандидат за премиер на ДУИ, во кампањата за последните парламентарни избори, на кои владејачките интегративци излегоа со концепт за „Прв Албанец премиер на Македонија“, што го промовираа во јули 2020 година.