Папата Франциск се вакцинирал против Ковид-19
Папата Франциск денеска бил вакциниран против коронавирус, на првиот ден од кампањата за вакцинација во Ватикан, пренесе агенцијата „Франс прес“, откако вчера во медиумите излегоа информации дека Папата веќе е вакциниран.
Новинарите на аргентинскиот дневен весник „Нацио“ и на неделникот „Америка“, двајца пријатели на 84-годишниот Франциск, тврдат дека тој бил вакциниран во средата во Ватикан, пренесува „Агенција Франс Прес“.