Конгресот треба да ги верификува гласовите од претседателските избори во САД
Денешната заедничка седница на двата дома на американскиот Конгрес за броење на изборните гласови доби дополнително значење оваа година, бидејќи дел од републиканците - сојузници на претседателот Доналд Трамп ветија дека ќе се обидат да ја поништат победата на демократот Џо Бајден и да ја нарушат волјата на американскиот народ. Десетина републикански сенатори и стотина членови на Претставничкиот дом - се повикуваат на неоснованите обвинувања на Трамп за широка изборна измама. Тие велат дека официјално ќе се спротивстават на резултатите и ќе гласаат во Сенатот што го водат републиканците и во Претставничкиот дом кој е под контрола на демократите, за да пропадне изборот на Бајден.
Во Вашингтон ангажирана Националната гарда пред митинзите за поддршка на Трамп
Немаше широко распространета измама на изборите, како што беше потврдено од низа изборни претставници и од Вилијам Бар, кој се повлече од функцијата државен обвинител во минатиот месец. Ниту Трамп, ниту кој било од пратениците кои ветија дека ќе се спротивстават на пребројувањето не презентираа веродостојни докази што ќе го променат резултатот.
Ненси Пелоси реизбрана за претседателка на Претставничкиот дом на САД
Седницата на Конгресот на 6 јануари е последниот чекор за реафирмирање на победата на Бајден, откако Изборниот колеџ официјално го избра во декември.
Во меѓувреме во Вашингтон почнаа да се собираат поддржувачите на Доналд Трамп на собир во време кога Конгресот треба да го потврди изборот на нов претседател на САД. Неколку стотици луѓе од различни делови на земјата се собраа во близина на Белата куќа со транспаренти со натпис „Стоп за кражбата“.